Здружението ЕТАИ (Електроника Телекомуникации, Автоматика, Информатика) 
доделува ЕТАИ студентски награди за најдобар
дипломски труд од горе наведените области за студентите на ФИНКИ кои дипломирале во 2015 година.
 
Наградата е парична и изнесува 10.000,00 денари. Критериумите кои ќе бидат земени во вид од страна на трочлена Комисија согласно која ќе бидат избрани најдобрите трудови се следните:
 
- Практична реализација на дипломскиот труд.
 - Оригиналност/Иновативност на дипломскиот труд.
 - Квалитет на текстуалната презентација на дипломскиот труд.
 - Дипломскиот труд или негов дел е објавен како инженерски труд на национална или меѓународна конференција.
 
 
Потребни документи за апликација:
 
- Пријава за награда за најдобар инженерски труд од областа на Информатика (може да ја најдете тука).
 - Краток опис на дипломскиот труд (до 500 зборови)
 - Дипломскиот труд во електронска форма (.pdf)
 - Биографија на кандидатот
 - Уверение за дипломиран инженер.
 - Дополнителни материјали кои ќе послужат за појаснување на дипломскиот труд (видео материјали, фотографии, линкови и сл.)
 
Право на пријавување на конкурсот имаат сите студенти кои дипломирале со просечна оцена поголема од 8.00. 
Рокот за пријавување е до 
11ти март, а апликациите се праќаат на 
arhiva@finki.ukim.mk со наслов [ЕТАИ награди за дипломски труд].