Последни вести

Саем за вработување и пракса
Датум: 27.3.2016 Во периодот од 4-ти до 6-ти април традиционално на техничкиот кампус при УКИМ ќе се одржи саемот за вработување и пракса - КОНТАКТ.
TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настан
Датум: 27.3.2016 На 30.03.2016 на ФИНКИ ќе се оддржи вториот од серијата шест TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настани на тема “Гејминг: Општественото влијание”.
Codeference во склоп на Codefest
Датум: 27.3.2016 Студентските карти за конференцијата чинат 15 евра и се еквивалентни со стандардните карти.

GOOGLE Your Future - Hackathon Датум: 17.2.2016

Државниот Универзитет од Тетово во соработка со  компанијата Google Inc. организира
Hackathon, каде што студентите и компаниите од регионот ќе бидат во можност да се натпреваруваат со иновативни софтверски решенија!
 
На настанот свое излагање ќе има Margaret Fortney, претставник на Google Inc., која ќе ги објасни можностите кои се нудат од страна на оваа компанија за студенти, професори, универзитети и бизниси во областа на технологијата.
 
Исто така, добитникот на Google ЕМЕА стипендија од регионот, м-р. Мерита Каса Халили, ќе го открие нејзиното искуство во научната работа и учеството во работилницата организирана од страна на Google во Цирих, Швајцарија.
Добитниците на првите три места ќе добијат награди и сертификати кои ќе бидат доделени во амфитеатарот на Државниот универзитет во Тетово од страна на Ректорот, проф. д-р Вулнет Амети, а останатите учесници да добијат сертификати.
 
 Кој има право на учество?
    • Студенти на додипломски, магистерски и докторски студии. Групата треба да се состои од 2 члена.
    • Малите и средните претпријатија од регионот.
 
Како да се аплицира?
 
        • Испратете го името на учесниците, како и името на групата (ако станува збор за група)
        • Име на софтверското решение или проект
        • Краток опис на проектот и приказ на екрани од софтверот
        • Институции на учесниците
Краен рок за апликација е 22 февруари 2016 година (понеделник).
 
Сите апликации да бидат испратени на contact@finki.ukim.mk со наслов [Google Hackathon].
 
Деталите за програмата може да ги погледнете на официјалниот настан на Facebook.