Роден е 1988 година во Струмица. Дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје во 2010. Запишан е на магистерски студии на истиот факултет во 2010. Магистерските студии му се од областа на биоинформатика. Во текот на факултетското образование бил постојано наградуван за постигнатиот успех во студирањето. На Институтот за компјутерска техника и информатика при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје почнал да работи во 2009 година како демонстратор. Неговите обврски околу наставата опфаќаат изведување аудиториски и лабораториски вежби по предмети од областа на структурирано програмирање, објектно-ориентирано програмирање, вовед во интернет и програмски методологии. Области на неговиот научно-истражувачки интерес се машинско учење и вештачка интелигенција, невронаука (функционална и анатомска конективност кај човековиот мозок) и биоинформатика (структура на ДНК и протеински интеракции).