Кадар

д-р Драган Михајлов

  • Редовен професор
  • /
  • dragan.mihajlov@finki.ukim.mk
  • /

Резиме:

Роден е 1949 во Скопје. Дипломирал и магистрирал на Електротехничкиот факултет во Загреб во 1973 и 1975 година, а докторирал на Електротехничкиот факултет во Љубљана 1979 година. Во периодот од 1973 до 1983 година работел во Математичкиот институт со нумерички центар при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде во 1982 година е избран за доцент. На Електротехничкиот факултеот во Скопје е вработен во 1983 како доцент. Во звањата вонреден и редовен професор бил биран во 1987 и 1992 година, соодветно. Во текот на својата работа имал повеќемесечни студиски престои на Електротехничкиот факултет во Загреб во 1974 година, на Електротехничкиот факултет во Љубљана во 1978 и на Одделот за биоматематика на Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес во учебната 1984-1985 година. Држел настава по разни предмети од областите на интерес на додипломски и магистерски студии на повеќе факултети (Природно-математички факултет, Воена академија, Медицински факултет, Факултет за физичка култура, Факултет за драмски уметности, Институт за социолошки и политичко правни истражувања). Автор и коавтор е на повеќе од 150 трудови објавени на меѓународни конференции и списанија. Раководел и учествувал во повеќе научно-истражувачки и стручни проекти. Награден е за најдобар труд по биокибернетика на Југословенската конференција за ЕТАН. Области на неговиот интерес се: програмирање, апликативен софтвер, компјутерска графика, мултимедија и биокибернетика.

Кадар

д-р Драган Михајлов

  • Редовен професор
  • /
  • dragan.mihajlov@finki.ukim.mk
  • /

Предмети:

Наскоро...
Име на трудотМестоДржава
Model of the Hydro-Information System of the Republic of MacedoniaProceedings from 31th International Conference 
Geo-database model of the Republic of MacedoniaProceedings from 30th International Conference 
Software implementation of the Geo-database model of the Republic of Macedonia8th International Scientific Conference SGEM 
Heuristic approaches and decisions in temporal and spatial scheduling using a Constraint Solving EngineITIcroatia
Web Based Medical Expert System with a Self Training Heuristic Rule Induction AlgorithmInternational Conference on Advances in Databases, Knowledge, and Data Applications, DBKDAMexico
Име на проектотФинансирано од
System for visualization of network resourcesFaculty of electrical engineering and information technology