Д-р Игор Трајковски дипломирал на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, на Институтот за информатика во 2001г. со висока просечна оценка (9.53). Во 2003 се запишува на магистерски студии на универзитетот во Сарланд, Германија (University of Saarland & Max Planck Institute for Informatics, Saarbrucken, Germany) и во октомври 2004г. се стекнува со титулата Магистер на науки во областа компјутерски науки. Своите студии и научно-истражувачка работа ги продолжува на Институтот Јожеф Штефан во Љубљана, Словенија (Jozef Stefan Institute, Ljubljana, Slovenia) во Одделот за Технологии на знаење, односно на Меѓународната постдипломска школа при истата институција, каде на 14. декември 2007 успешно одбранува докторска теза и се стекнува со академската титула доктор на науки.
Во континуитет од 2001г. па до денес, Д-р Трајковски е професионално ангажиран и тоа на Институт за информатика во Скопје како демонстратор (1999-2001), како научно-истражувачки асистент на Универзитетот во Штутгард, Германија (02/2002 - 09/2003), како специјалист во развој на софтвер во Т-mobile, Скопје (10/2004 - 09/2005), како истражувачки асистент во Институтот Јожеф Штефан, Љубљана (10/2005 - 12/2007), Софтверски инженер во Гугл (05/2007 – 09/2007 и 05/2008 – 09/2008), доцент на Њујорк Универзитетот во Скопје (02/2008 – 11/2009) и доцент на Факултетот за електротехника и информациски технологии (02/2010 - 09/2011). Исто така е креатор и основач на најголемиот македонски агрегаторот за вести Time.mk (07/2008 - денес).
Учесник е на повеќе национални и меѓународни натпревари и олимпијади по програмирање со пласман на светското студентско финале (World final ACM programming contest, Orlando, USA, 2000) и освоени медали (Bronze medal, Balkan Olympiad in Informatics, Cyprus, 1996). Добитник е на стипендии за студии, за талентиари студенти како и награда за најдобар студент на Институтот за Информатика, ПМФ-Скопје.
Научно истражувачката работа на д-р Игор Трајковски е во областите на машинско учење, биоинформатика, анализа на генетски податоци, паралелни алгоритми, пребарување на информации и статистичка обработка на природни јазици. Неговата докторска теза, како и магистерската е од областа на биоинформатика, а резултатите му се објавени во повеќе научни трудови објавени на значајни меѓународни конференции и во научни списанија.