Кадар

д-р Маргита Кон-Поповска

  • Професор во пензија
  • /
  • margita.kon-popovska@finki.ukim.mk
  • /

Резиме:

Родена е 1948 година во Битола. Основно и гимназиско образование оформила во Риека, Хрватска. Студии по техничка математика завршила во 1972 година на Факултетот за природни науки и технологија во Љубљана, Словенија. Степен магистер по операциони истражувања стекнала во 1975 година на Универзитетот во Љубљана, со одбрана на трудот “Racunalniska obdelava zveznega dinamicnega linearnega programiranja”. Исто така на Универзитетот во Љубљана го добила звањето доктор на информатички и управувачки науки, со одбрана во 1992 година на дисертацијата “Enoparametrsko zvezno linearno programiranje, teoreticni in algoritemski pristop”. Во академската 1987/88 година престојувала на специјализација за развивање интелигентни математички програмски системи на Mathematical Department, University of Colorado во Денвер, САД, а во 1997 година, во рамките на DAAD програмата, престојувала 2 месеца како визитинг професор, на Fern University, Хаген, Германија работејќи во областа на параметарското программирање. Во периодот од 2000 година до денес престојувала по 1 до 4 недели на повеќе Универзитети во Европа во рамките на проектите со кои раководела: Open University, Лондон и Loughborough University во ВБ, Royal School of information sciences and library, Копенхаген, Technical University of Athens, Атина, Aristotle University и Macedonia University, Солун, International Atomic Energy Agency, Виена, University Merseburg, Германија, Бугарската академина на науките, Софија, Универзитетот во Нови Сад, Србија, и други. Почнала да работи, уште како студент, во 1971 година, како програмер-асистент во Сметачкиот центар на Институтот за математика, физика и механика на Универзитетот во Љубљана, а во 1972 година како самостоен програмер на Економскиот факултет во Љубљана. Во 1973 година се преселила во Скопје, каде што била избрана за стручен соработник на Математичкиот институт со нумерички центар при Универзитетот. Потоа била унапредена за предавач и за виш предавач, а по докторирањето за вонреден професор по операциони истражувања и информатика при Институтот за информатика на ПМФ. За редовен професор е избрана во 1998 година. Д-р М. Кон-Поповска има мошне богата наставна дејност. На студиите по информатика држи настава по предметите: операциони истражувања, бази на податоци, бази на податоци II, компјутерска графика, информациони системи, моделирање и симулација со визуелизација, а порано изведувала настава и по програмски јазици и структури на податоци. Курсеви по информатика држела или држи за студентите по физика, биологија и географија на ПМФ, за студентите по социологија, одбрана, социјална работа и социјална политика и историја на Филозофскиот факултет и компјутерско проектирање на Архитектонскиот факултет. Настава по операциони истражувања и бази на податоци изведува на Институтот за математика, а настава по операциони истражувања изведувала и на Економскиот факултет во Скопје и во Штип. На Шумарскиот факултет држела курс по математика. Освен на матичниот институт, држела предавања и на постдипломските студии на Медицинскиот, Машинскиот факултет, на Интердисциплинарните студии по молекуларна биологија при МАНУ, како и на студиите по хемија. Од 2003 година изведува настава по бази на податоции и информациони системи и на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Има објавено 64 научни труда. Раководител или кораководител за Македонија е на 18 меѓународни проекти финансирани од TEMPUS, PHARE, FP5, FP6, NATO Science for Peace и UNESCO (од нив 3 тековни) и на 10 домашни проекти финансирани од МОН, Институтот Отворено опшество и Универзитетот. Учесник е во уште 6 TEMPUS и 3 проекти финансирани од МОН. Има напишано 11 учебни помагала, а авторизирани тековни предавања се наоѓаат на web-страницата за е-учење на Институтот. Изработила и поголем број стручни проекти и апликации, а најзначајно е проектирањето на информациони системи (библиотечен информационен систем на Р. Македонија, информационен систем за научно-технолошки информации на Р. Македонија, информационен систем на Факултетот). Главна научна преокупација на Кон-Поповска претставува параметарското линеарно програмирање за одредени типови проблеми, како од теориска гледна точка така и од алгоритамска страна. Истражува и во областа на бази и складови на податоци, информациони системи, информациони технологии во образованието, е-учење и учење на далечина. Ментор е на 2 докторски дисертации и на 4 магистерски труда. Членува и активно учествува во работата на повеќе меѓународни и домашни стручни асоцијации, нивните одбори и комисии. Национален претставник е во Генералното собрание на ТЕРЕНА и потпретседател на Управниот одбор на МАРНЕТ. Член е на програмските одбори на балканските конференции по информатика (организатор и претседател на Програмскиот одбор на 2. Балканска конференција за информатика БКИ’ 2005, Охрид) и на балканските конференции по операциони истражувања, како и на Советодавниот одбор на списанието Информациски технологии и контрола на Бугарска асоцијација на автоматичари и информатичари. Посебно значајно е долгогодишното залагање на М. Кон-Поповска за изградба на македонска академска истражувачка мрежа и вклучувањето на Р. Македонија во европските и во светските информациони мрежи, што во 2004-2005 резултира со изградба на универзитетска гигабитска оптичка и безжична компјутерска мрежа и нејзино вклучување во академските мрежи на Југоисточна Европа и GEANT, како и во европските грид-мрежи SEEGRID и EGEE. Во периодот 1993-1995 година била шеф на Институтот, во 1995-1997 година раководител на КЦ при ИИ, од 2003 до 2005 година раководител на КЦ при ПМФ, а од 2005 година повторно е шеф на Институтот. Основач е на специјализираните лаборатории за: мултимедија, визуализација и компјутерска графика; виртуелни дигитални библиотеки; учење на далечина; перманентно образование на библиотекари; грид-кластер и други.

Кадар

д-р Маргита Кон-Поповска

  • Професор во пензија
  • /
  • margita.kon-popovska@finki.ukim.mk
  • /
Име на трудотМестоДржава
Dynamic Evolution and Improvement of Data Warehouse DesignProceedings of the 4th Balkan Conference in Informatics IEEE BCI 2009Greece
A Generalized Approach to Optimization of Relational Data Warehouses Using Hybrid Greedy and Genetic AlgorithmsInternational Scientific Annals in Computer Science, Alexandru Ioan Cuza, University of Iasi, Vol. 19.Romania
Grids in the near future: a technical and social review1st International Conference ICT Innovations 2009, Springer, pp.421-428Macedonia
Framework for Improvement of Data Warehouse Optimization Process by Workflow GridificationProceedings of the 12th Conference on Advances in Databases and Information Systems (ADBIS 2008)Finland
Framework for Generalization and Improvement of Relational Data WarehousesIJCSNS International Journal of Computer Science and Network Security, VOL.8 No.3Korea
Generalization and Improvement of the System of Relational Data WarehousesProceedings of the Third Balkan Conference in Informatics, BCI’07Bulgaria
A Framework of Static Algorithms for Data Warehouse OptimizationConference of Informatics and Information Technologies Macedonia
Hybrid Greedy and Genetic Algorithms for Optimization of Relational Data WarehousesProceedings of the 25th IASTED International Multi-Conference on APPLIED INFORMATICS, Artificial Intelligence and Applications - AIA 2007Austria
Recessive Bits in Genetic Algorithm for Some Optimization Problems in Relational Data WarehousesProceedings of the Third International Conference - Computer Science 2006Turkey
Vertical Fragmentation in Relational Data WarehousesProceedings of the Romanian Symposium on Computer Science Database Theory and Practice in the context of (Semantic) Web Technologies ROSYCS 2006Romania
Optimization of Relational Data WarehousesProceedings of the 4th European Conference on Advances in Intelligent Systems and Technologies, ECIT 2006Romania
Solving View and Index Selection Problem Using Genetic AlgorithmProceedings of the Second Balkan Conference in Informatics, BCI 2005Macedonia
B2B Architectures for Integration of Educational InstitutionsEDMEDIA World Conference on Educational Multimedia, Hypermedia and Telecommunications – Vol. 2004, Issue. 1, 2004, pp. 9-14Switzerland
B2B Concept Platform In Education Centre Integration ITI ConferenceCroatia
A B2B Platform for Education Center IntegrationCIIT2002 – Conference on Informatics and Information TehnologiesMacedonia
Survey Of The E-Business Opportunities In MacedoniaCIIT2003 – Conference on Informatics and Information TehnologiesMacedonia
On Some Aspects of The Matrix Data Perturbation in Linear Program,Yugoslav Journal of Operations Research, Vol 13 (2003) No 2.153-164Yugoslavia
Impact of technological changes on educational reforms and challenges for lifelong learningChallenges and priorities for VET reform in the context of lifelong learning, European training foundation 2002, pp8Italy
On the Solution of the Linear Programming problem with system matrix parameterizationParametric Optimization and Related Topics, 1999 , pp 15-23Croatia
On the Equivalence of the Linear Programming Problems with Polynomial and Linear System Matrix ParameterizationEURO XVIBelgium
Evaluation of Some Numerical Methods in Critical Regions Determination for the Solution of Parametric Linear Programming ProblemProceedings of First Congress of Mathematics and Informatics Society, 1998, pp. 111 – 117Macedonia
Linear Programming with System Matrix Parameterization16th ISMP 97Switzerland
On the equivalence of some classes of polynomial linear parameterization of linear problemsProceedings of Symposium of Operations Research, 1993, pp.153-159Slovenia
Tabu search strategies for solving job - shop problemsProceedings of 1st Balkan IFAC Conference on AAS, pp. 177 - 178Macedonia
On the equivalence of some classes of linear parametric problemsProceedings of Symposium of SYM-OP-IS’ 91, 1991, pp. 226 - 228Croatia
Име на проектотФинансирано од
High-Performance Computing Infrastructure for South East Europe’s research CommunitiesFP7
Integrated Sustainable Pan-European Infrastructure for Researchers in EuropeFP7
Multi-Gigabit European Research and Education Network and Associated ServicesFP7
Video Conferencing Educational Services144650-TEMPUS-2008-IT-JPGR
South East European Research Area for eInfraFP7
South East European-GRID eInfrastructure for regional eScienceFP7
Cryptography using chaotic oscilatorsNATO-Collaborative Linkage Grant
GRID-enabled eInfrastructure Development 2FP7
Integrating E-Learning Across Teacher CurriculumTEMPUS CD_JEP_40020_2005
South East European Research and Education NetworkFP6
South East European GRID-enabled eInfrastructure DevelopmenFP6
South-East Europe Fibre Infrastructure for Research and EducationFP5
UNESCO/ESA Space for ScienceUNESCO
e-learning for improving access to Information Society for SMEs in the SEE AreaINTERREG IIIB CADSES
Joint M.Sc Curriculum in Software EngineeringTEMPUS JEP 18035-2003
Management and Business education in computer studiesTEMPUS JEP-18046-2003
Secure Communications from non-linear electronic synchronization circuitsNATO-Collaborative Linkage Gran
Innovation of Computer Science Curriculum in Higher EducationTEMPUS CD_JEP-16160-2001
Piloting Grid cluster, UNESCO-Hewlett-Packard Partnership Piloting Solutions for Alleviating Brain Drain in Bosnia and Herzegovina, Croatia, Serbia and Montenegro, R. Macedonia and AlbaniaUNESCO-Hewlett-Packard
Software Engineering: Computer Science Education and Research CooperationDAAD
Gigabit MARNet Metro Optic NetworkAustrian Government grant/UKIM
Feasibility study for development of the University St. Cyril and Methodius Advanced Network Infrastructure, 2004-2005UKIM
MARNet Advanced Network Infrastructure, Building Skopje gigabit network infrastructureScience programme, CN.NIG.979592
Web Based Interuniversity Library NetworkTEMPUS JEP-16114
Scientific Information Network of South East EuropeMax Plank Institute, German Federal Ministry for Education and UNESCO Roste Venice office
Project on building South East European Research and Education NetworkFP5
The Potential of B-B Platforms for the Macedonian industry – Technical and Economic AspectsSNSF,
Cooperation amongst Higher Education Institutes of Greece and neighboring countries and transfer of technology on organization and development of the technological infrastructure with the use od Information, Communication and Organizational SystemsINTERREG.2
Balkan and Eastern European Network of Excellence for the Diffusion of Mathematics for Industry Expertise FP5
PHARE Multi-Country Programme for Distance Educations Project,PHARE
Distributed Information Technologies new curricula and flexible education TEMPUS JEP-14440-99
Development of the Integrated Academic Library Information SystemTEMPUS Jep-13577-98
Quality Assessment System Development of the Education Process of the Macedonian UniversitiesTEMPUS CME-03118-97
Molecular Biology and Genetic EngineeringTEMPUS JEP-12020-97
E-learningMinistry of Education and Sciences
Upgrading Elementary School Libraries in R MacedoniaOpen Society Institute Macedonia and Open Society Institute Budapest,
Virtual Digital Libraries in Natural Sciences, Mathematics and InformaticsOpen Society Institut
Dynamic modeling of the real systems, Ministry of ScMinistry of Sciences
Faculty Electronical Informative System UpgradesFaculty of Natural Sciences and Mathematics
University Information SystemSs Cyril and Methodious University
Information Systems in Academic EMinistry of Sciences
National Scientific and Technological Information SystemMinistry of Sciences
Library Information SystemsMinistry of Sciences
Faculty Electronical Informative System UpgradesFaculty of Natural Sciences and Mathematics
Main Project of the Computer Network of the University “Sent Cyril and Methodious” in SkopjeSs Cyril and Methodious University
Назив на конференцијатаИме на конференцијатаГрадДржава
Конгрес на Сојузот на математичари и информатичари на МакедонијаКонгрес на Сојузот на математичари и информатичари на МакедонијаОхридМакедонија
Cooperation amongst Higher Ed. Institutes of Greece and neighboring countriesCooperation amongst Higher Ed. Institutes of Greece and neighboring countriesСолунГрција
2nd Balcan Conference in InformaticsBCI 2005ОхридМакедонија
SINSEE Workshop "Innovative Network Applications and Network ResearchSINSEE Workshop "Innovative Network Applications and Network ResearchБелградСрбија и Црна Гора
Презентација заНа конференцијатаОд тип
On-line Web Course "Web Searching and Authoring"Конгрес на Сојузот на математичари и информатичари на Македонија 
Online Courses on the WebCT SystemCooperation amongst Higher Ed. Institutes of Greece and neighboring countries 
Scientific, academic and research networks in Macedonia2nd Balcan Conference in Informatics 
Research for and in Data Networks in MacedoniaSINSEE Workshop "Innovative Network Applications and Network Research