Роден е 1984 година во Штип. Основно училиште до четврто одделение завршил во Радовиш, а потоа основно и средно во Скопје. Во 2003 година се запишал на студии по информатика на Природно математички факултет во Скопје, кои ги завршил во 2008 година. Во последните две години од студирањето бил примен како демонстратор на Институтот за информатика. Во 2008 година бил избран како асистент на Факултетот за информациски технологии МИТ во Скопје. Во 2009 година бил избран како соработник на Институт за информатика при Природно математички факултет во Скопје. Во рамките на наставниот процес на институтот учествува како соработник во изведувањето на наставата во следните предмети: Структури на податоци, Мрежни оперативни системи, Безбедност и криптографија, Безжични и мобилни технологии, Управување на софтверски проекти, Дизајн и архитектура на софтвер, Оперативни системи и Анализа на софтверски потреби. Теми на истражување на Панче Рибарски се примена на безбедност и криптографија во софтверското инженерство со посебен осврт на системи за електронско гласање. Покрај тоа особен интерес има во полето на мобилните технологии и нивната примена сеприсутност во секојдневниот живот. Панче Рибарски е автор на неколку трудови во областа на криптографија, електронска сигурност и системи за електронско гласање. По дипломирањето е запишан на последипломски студии на TEMPUS програмата за Софтверско инженерство. Ги има завршено обврските со понудените предмети и моментално спрема магистерска теза во полето на криптографија и системи за електронско гласање. Член е на Здружението на информатичари на Македонија и е секретар на Асоцијација ИКТ-АКТ Скопје.