Конечен распоред за прва колоквиумска недела
Објавен е конечен распоред за првите парцијални испити за летниот семестар за академската 2015/2016 година.
Известување за запишување на семестар
Се известуваат сите студенти на прв циклус на студии кои не добиле термин за запишување на семестар да поднесат документи најдоцна до петок 04.03.2016 во студенстката служба на ФИНКИ.
Делење на индекси од упис на семестар
Индексите дадени за упис на семестар, од понеделник (29.02.2016) ќе се делат во новата просторија помеѓу бараките Б2 и Б3 секој работен ден од 10 до 13 часот.

Оглас за лица за помош при изведување на настава

Врз основа на Одлуката од Деканатската управа донесена на 24.01.2016 година за потреба од лица кои ќе помагаат во изведување на лабораториски вежби (лаборанти), деканот на Факултетот распишува интерен оглас за избор на лица кои ќе помагаат во изведување на лабораториски вежби (лаборанти) во летниот семестар 2015/2016.
 
На огласот може да се пријават актуелни студенти кои имаат положено повеќе од 150 кредити или завршени студенти, сите со просек над 8,5. Кандидатите треба да бидат на располагање на Факултетот во било кое време во зависност од распоредот на часови (по можност невработени). Во пријавата кандидатите треба да наведат куса биографија (CV) и список на положени предмети и оценки.
 
Се повикуваат заинтересираните кандидати да се пријават на огласот. Пријавите се поднесуваат електронски, на адреса arhiva@finki.ukim.mk со тема [lab] Prijava na konkurs, најдоцна до среда, 03.02.2016 година до 16:00 часот.
 
Факултетот го задржува правото да ангажира дел од пријавените лица согласно потребите за одржување на лабораториските вежби.
 
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје