Конечен распоред за прва колоквиумска недела
Објавен е конечен распоред за првите парцијални испити за летниот семестар за академската 2015/2016 година.
Известување за запишување на семестар
Се известуваат сите студенти на прв циклус на студии кои не добиле термин за запишување на семестар да поднесат документи најдоцна до петок 04.03.2016 во студенстката служба на ФИНКИ.
Делење на индекси од упис на семестар
Индексите дадени за упис на семестар, од понеделник (29.02.2016) ќе се делат во новата просторија помеѓу бараките Б2 и Б3 секој работен ден од 10 до 13 часот.

Систематски преглед за студентите од прва година

Сите студенти од прва година на студии задолжително треба да направат систематски преглед. Систематските прегледи се вршат во ЗУ Поликлиника на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, сместена во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу, на улица Митрополит Теодосиј Гологанов број 58.
 
Прегледите се вршат во работни денови од 7:30 до 12:00 часот, во перидот од 01.02.2016 до 29.02.2016 година. За прегледот, студентите е потребно да носат со себе:
 
    • Индекс
    • Заверена здравствена легитимација и електронска здравствена картичка
    • Копии ос страниците 2 до 5 од здравствената легитимација
Прегледот вклучува лабораториска анализа, општ медицински преглед и стоматолошки преглед. Целосното соопштение можете да го најдете на овој линк.