Информатика

Траење на студиите: студиите траат 3 години, организирани по ЕКТС. Вкупниот број кредити што се добиваат изнесува 180 и се обезбедуваат преку три образовни дела. Наставата се изведува на македонски јазик, но може да се изведува и на еден од светските јазици, за што одлука донесува Советот на студиската програма.

Услови за запишување: Студенти со завршен втор циклус образование од областа на информатиката и математиката.

Спецификација на специфичните компетенции кои студентот ќе ги стекне со завршувањето на студиите и за кои работни места е оспособен: студентот ќе биде оспособен самостојно да изведува научно-истражувачка дејност од областа на информатиката. Ќе биде оспособен за работните места каде што се бара научно-истражувачка работа.
Елаборатот за докторските студии информатика може да го најдете на следниот линк.
 
Академскиот степен кој се стекнува со завршување на студиите: “Доктор по природно-математички науки, специјалност информатика”.

За повеќе информации Ве молиме да се обратите до раководителот на студиската програма, проф. д-р Катерина Здравкова.