Инженерство на интелигентни системи (3+1+1)

1. Општи информации
 
Науката за градење на вештачки интелигентни системи зазема централно место во инженерските науки. Има два главни правци во развивањето на вештачките интелигентни системи: насока која започнува од машини и води кон интелигенција - роботички приод, и насока која започнува од биолошки системи и води кон градење вештачки суштества - биоинформатика и биолошко инженерство. Овој модул има за цел да ги опфати и двата приода на можност за конструкција на интелиггентните системи.
  • Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
  • Назив на студиска програма: Академски студии од втор циклус по Инженерство на Интелигентни системи / модул Биоинформатика или модул Роботика
  • Научно - истражувачко подрачје: природно - математичко
  • Поле: информатика
  • Област: интелигентни системи
  • Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС кредити
  • Траење на студиите: 2 семестри
  • Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели)
  • Услови за запишување на студиите: завршени додипломски студии на информатика или компјутерски насоки кои носат минимум 240 кредити. За студиските насоки кои носат помалку од 240 кредити, се дополагаат испити понудени во воведувачкиот слој.
  • Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со втората година на постдипломските студии.
  • Прв семестар: 3 задолжителни предмети и 2 изборни, од кои еден може да биде од Универзитетска листа.
  • Втор семестар: 1 задолжителен и 1 изборен, кој може да биде од Универзитетската листа (само доколку во првиот семестар предметите се избрани на ниво на Факултет) и завршен проект од 18 ЕКТС.
  • 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман.
  • Бројот на контактните часови е 4.
Стекната титула: Магистер по инженерство на интелигентни системи – модул Биоинформатика, или Магистер по инженерство на интелигентни системи – модул Роботика
 
2.  Воведувачки слој
 
Воведувачкиот слој им е наменет на студентите кои студии кои траат помалку од четири години или стекнале помалку од 240 кредити од претходните студии. Студентите кои имаат положено некој од задолжителните предмети од воведувачкиот слој (табели 1 и 2 за биоинформатика и роботика соодветно) или имаат положено предмети на други академски институции за кои ќе се установи дека се доволно слични со задолжителните воведувачки предмети, можат да бираат од изборните предмети дадени во табела 3. Доколку студентот ги има положено задолжителните и изборните предмети од воведувачкиот слој или има положено предмети на други академски институции за кои ќе се установи дека се доволно слични, а сеуште нема исполнето квота од 240 кредити, тогаш му се дозволува избор од листата на акредитираните предмети кои се нудат на ФИНКИ, а кои ги нема полагано во текот на неговото/нејзиното студирање. 
 
- Воведувачки слој за модулот Биоинформатика 
 
Табела 1: Листа на предметите на воведувачкиот слој за модул Биоинформатика
 

Предмет

Семестар

ЕКТС

Предуслов

 1

Интелигентни системи

VII

6 Калкулус 3
 2 Бази на податоци 2 VII
6 Бази на податоци
 3

Интеракција човек компјутер

VII

6

Софтверско инженерство

 4 Изборен предмет 1 VII 6  
 5 Изборен предмет 2 VII 6  
 6

Биоинформатика 

VIII

6

-

 7

Основи на интелигентни системи

VIII

6

Структури на податоци и Дискретни структури 2

 8 Податочно рударство VIII  6  Веројатност и статистика (или Статистика) и Бази на податоци
 9 Изборен предмет 3
VIII 6  
 10 Избор од универзитетската листа слободни предмети VIII 6  
 
- Воведувачки слој за модулот Роботика
 
Табела 2: Листа на предметите на воведувачкиот слој за модул Роботика
 

Предмет

Семестар

ЕКТС

Предуслов

 1

Интелигентни системи

VII

6 Калкулус 3
         
 2 Интеракција човек компјутер VII
6 Софтверско инженерство
 3 Изборен предмет 1 VII 6  
 4 Изборен предмет 2 VII
6  
 5 Изборен предмет 3 VII 6  
 6

Основи на интелигентни системи

VIII

6

Структури на податоци и Дискретни структури 2

 7

Микропроцесори и микроконтролери 

VIII

6

Архитектура на компјутери

 8

Биоинформатика

VIII

6

-

 9 Роботика VIII  6  -
 10 Избор од универзитетската листа слободни предмети VIII 6  
 
Табела 3: Листа на изборните предмети за воведувачкиот слој
 

Предмет

Семестар

ЕКТС

Предуслов

 1 Професионална етика VII
6 Софтверско инженерство
 2 Конструкција на софтвер
VII
 6 Дизајн и архитектура на софтвер
 3 Современи компјутерски системи
VII
 6 Микропроцесори и микроконтролери
 
 4 Статистика  VIII  6 Веројатност
 5

Алгоритми

VIII

6

Објектно и визуелно програмирање

 6

Информациски системи

VIII

6

Бази на податоци

 7

Калкулус 3

VIII

6

Калкулус 2

 8 Паралелно и дистрибуирано процесирање VIII 6  Оперативни системи
 9 Дизајн и архитектура на софтвер VIII 6  Анализа на софтверските потреби
10 Мрежни и дистрибуирани оперативни системи VIII 6  Структури на податоци и Оперативни системи
 
3. Студии
Предметите од постдипломските студии за студиската програма Инженерство на интелигентни системи можете да ги најдете на овој линк.