Компјутерски мрежи и е-технологии (3+1+1)
1. Општи информации
Постдипломските студии по компјутерски мрежи и е-технологии имаат за цел да обезбедат квалитетно и врвно европско образование и обучување на ИКТ инженери со длабоки познавања на компјутерските мрежи и е-технологиите. По завршувањето на студиите овие инженери ќе можат да заземат одговорни позиции во процесите на планирање, дизајн, управување и мониторинг на компјутерски мрежи и работа со различни видови на најнови е-технологии вклучувајќи ги и нивните бизнис аспекти.
- Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
- Назив на студиска програма: Академски студии од втор циклус по Компјутерски мрежи и е-технологии
- Научно - истражувачко подрачје: техничко - технлошко
- Поле: компјутерска техника и автоматика
- Област: информациони системи и мреѓи
- Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС кредити
- Траење на студиите: 2 семестри
- Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели)
- Првиот семестар се состои од наставни предмети, додека вториот има помал број наставни предмети и е резервиран за завршниот проект, т.е за магистерската тема.
- Услови за запишување на студиите: завршени додипломски студии на информатика или компјутерски насоки кои носат минимум 240 кредити. За студиските насоки кои носат помалку од 240 кредити, се дополагаат испити понудени во воведувачкиот слој.
- Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со втората година на постдипломските студии.
- Прв семестар: 3 задолжителни предмети и 2 изборни, од кои еден може да биде од Универзитетска листа.
- Втор семестар: 1 задолжителен и 1 изборен, кој може да биде од Универзитетската листа (само доколку во првиот семестар предметите се избрани на ниво на Факултет) и завршен проект од 18 ЕКТС.
- 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман.
- Бројот на контактните часови е 4.
Стекната титула: Магистер по информатички науки и компјутерско инженерство од областа на компјутерски мрежи и е-технологии
2. Воведувачки слој
Воведувачкиот слој им е наменет на студентите кои студии кои траат помалку од четири години или стекнале помалку од 240 кредити од претходните студии. Студентите кои имаат положено некој од задолжителните предмети од воведувачкиот слој (табела 1) или имаат положено предмети на други академски институции за кои ќе се установи дека се доволно слични со задолжителните воведувачки предмети, можат да бираат од изборните предмети дадени во табела 2. Доколку студентот ги има положено задолжителните и изборните предмети од воведувачкиот слој или има положено предмети на други академски институции за кои ќе се установи дека се доволно слични, а сеуште нема исполнето квота од 240 кредити, тогаш му се дозволува избор од листата на акредитираните предмети кои се нудат на ФИНКИ, а кои ги нема полагано во текот на неговото/нејзиното студирање.
- Воведувачки слој
Табела 1: Листа на предметите на воведувачкиот слој
|
Предмет
|
Семестар
|
ЕКТС
|
Предуслов
|
1 |
Веројатности и статистика
|
VII
|
6
|
- |
2 |
Мрежни оперативни системи |
VII
|
6
|
- |
3 |
Изборен предмет 1 |
VII
|
6 |
- |
4 |
Изборен предмет 2 |
VII
|
6 |
- |
5 |
Изборен предмет 3 |
VII
|
6 |
- |
6 |
WAN мрежи
|
VIII
|
6
|
-
|
7 |
Информациони системи
|
VIII
|
6
|
-
|
8 |
Изборен предмет 4 |
VIII |
6 |
- |
9 |
Изборен предмет 5
|
VIII |
6 |
- |
10 |
Избор од универзитетската листа слободни предмети |
VIII |
6 |
- |
Табела 2: Листа на изборните предмети за воведувачкиот слој
|
Предмет
|
Семестар
|
ЕКТС
|
Предуслов
|
1 |
Моделирање и симулација
|
VII
|
6
|
- |
2 |
Вештачка интелигенција |
VII
|
6
|
- |
3 |
Мрежно програмирање
|
VII
|
6
|
-
|
4 |
Веб базирани системи
|
VII
|
6
|
Мрежно програмирање
|
5 |
Современи процесорски архитектури
|
VII
|
6
|
-
|
6 |
Вградливи компјутерски системи |
VII |
6 |
- |
7 |
Мрежен софтвер |
VII |
6 |
- |
8 |
Микропроцесорски системи |
VIII |
6 |
- |
9 |
Безжични компјутерски мрежи |
VIII |
6 |
- |
10 |
Мрежни стандарди и уреди |
VIII |
6 |
- |
11 |
Сензорски системи |
VIII |
6 |
- |
12 |
Електронска и мобилна комерција |
VIII |
6 |
- |
13 |
Проектирање на вградливи компјутерски компоненти |
VIII |
6 |
- |
14 |
Јавни мобилни мрежи |
VIII |
6 |
- |
15 |
Управување со компјутерски мрежи |
VIII |
6 |
- |
16 |
Безбедност и заштита на компјутерски системи |
VIII |
6 |
- |
17 |
Мобилни информациони системи |
VIII |
6 |
- |
18 |
Географски информациони системи |
VIII |
6 |
- |
19 |
Биокибернетика |
VIII |
6 |
Вештачка интелигенција |
2.1 Студии
Предметите од постдипломските студии за студиската програма Компјутерски мрежи и е-технологии можете да ги најдете на
овој линк.