Лабораторија за напредни веб технологии

 
Лабораторијата за напредни веб технологии е наменета за работа со технологиите врз кои се темели Интернетот, низ призмата на World Wide Web. Целта на лабораторијата е употреба на најновите технологии за развој на веб апликации, пред сѐ во поглед на новите веб технологии, веб сервисите, е комерцијата, сигурноста на веб апликациите, новите веб интерфејси, социјалните мрежи, пребарувањето и организацијата на веб содржините. Лабораторијата овозможува услови за истражувања на нови видови на веб апликации, истражување и креирање нови видови на веб базирани социјални заедници и развој на нови веб интерфејси прилагодени на малите екрани и екраните осетливи на допир. Посебен акцент е ставен на Семантичкиот веб, односно Web 3.0. Лабораторијата се користи како едукативна, истражувачка и апликативна лабораторија, но истовремено претставува и инкубатор за нови апликации и поддршка за иновативните студентски проекти. 
 
Опрема
Поради својата повеќекратна намена, лабораторијата е организирана во три дела. Делот за едукација ќе има 20 работни станици и еден сервер, сите со соодветен софтвер за развој на напредни веб апликации. Истражувачките активности се изведуваат на работните станици и на 3 сервери специјализирани за чување на големо количество на податоци за потребите на семантичките веб апликации, додека во делот за истражување на новите веб интерфејси за мобилни уреди и екрани на допир се користат 5 екрани на допир и по 5 мобилни уреди за различните оперативни системи: Android, iOS и Windows Mobile. Делот за хостирање на веб апликациите од студентите е составен од 5 сервери со соодветен софтвер. 
 
Проекти 
Во рамките на лабораторијата се изработени голем број развојни и истражувачки проекти. Меѓу нив се вбројуваат:
Услуги
Лабораторијата за напредни веб технологии нуди и свои услуги. Во лабораторијата, заинтересираните лица можат да добијат обука преку курсеви за изработка на веб апликации со користење на Microsoft .NET и Java, како и преку курсеви за изработка на мобилни апликации со користење на Android, Windows Phone и iOS. Дополнително, лабораторијата нуди и услуги за хостирање на веб апликации на серверите кои се дел од неа.