Лабораторија за мобилно и сеприсутно семантичко искуство - LaMUSE
Лабораторијата е наменета за:
- Истражување на научни прашања поврзани со мобилност, ограниченост на ресурси кај преносни уреди, искористување на сензорски информации и контекстна свесност, пребарување на огромен број и пронаоѓање соодветни семантички мобилни сервиси.
- Образување и обука на развивачи на софтвер за мобилни уреди во врвни технологии и програмски јазици со практично искуство на различни мобилни платформи.
- Комерцијални решенија за компании и државни институции, како на пример системи за мобилни плаќања, апликации за мобилна влада, системи за електронско и мобилно гласање
- Јавно - приватно партнерство
во секојдневните активности и енергетска ефикасност.
Главна области на работа на лабораторијата се следните:
- Мобилни апликациски системи
- Мобилни електронски јавни сервиси
- Системи за глобално позиционирање и навигација
- Мобилна влада
- Контекстно - свесни системи
- Мобилни веб сервиси
- Семантички овозможени сервисни архитектури
- Семантичка взаемна функционалност
- Онтологии
- Сеприсутни системи
- Целно - движени сервисни архитектури
- Системи за помош во секојдневниот живот
- Енергетски ефикасни системи