NOKIA центар за развој на мобилни апликации

На 14.02.2013 година официјално беше отворен развојниот центар на Нокиа во рамките на ФИНКИ. Ова е прва лабораторија од ваков тип на Балканот и нејзина примарна цел е доближување на студентите со мобилните технологии кои ги нудат Нокиа и Мајкрософт. Во рамките на соработката помеѓу финската компанија и ФИНКИ, Нокиа донираше 6 паметни телефони од моделот Nokia Lumia 820 кои се достапни за студентите да ги тестираат нивните апликации за Windows Phone оперативниот систем.