Профил: Информатички науки

1. Општи информации
 

Профилот информатички науки е наменет пред се за оние студенти кои што сакаат да се стекнат со познавања од повеќе области од информатиката, но и за оние кои што се заинтересирани за нејзините потеоретски делови. Некои од нештата кои што се изучуваат на овој профил се: развој и анализа на напредни алгоритми, напредни компјутерски архитектури и теми од безбедноста на информациите и компјутерските мрежи. Студентите кои што ќе го одберат овој профил ќе имаат подобра основа за продолжување на втор и трет циклус на студии.

 
 
I Семестар III Семестар V Семестар VII Семестар
 Концепти за развој на софтвер Алгоритми и податочни структури Менаџмент на информациони системи Методологија на истражувањето во ИКТ
 Основи на софтверско инженерство Податочни и компјутерски комуникации Тимска работа Управување на ИКТ проекти
 Дискретна математика 1  Веројатност и статистика Логичко и функционално програмирање Изборен предмет
 Професионални вештини  Теорија на програмирање Машинско учење Паралелно програмирање
 Калкулус 1 Изборен предмет Изборен предмет Компајлери
II Семестар IV Семестар VI Семестар VIII Семестар
Напреден развој на софтвер  Оперативни системи  Изборен - L2 (или дипломска работа за три годишни студии) Дипломска работа
 Дискретна математика 2  Бази на податоци  Безбедност и криптографија (ИИ) Операциони истражувања
Архитектура и организација на компјутери Вештачка интелигенција Теорија на информации (ИИ) Изборен предмет - L3
 Калкулус 2 Напредни алгоритми  Изборен предмет  Деловна пракса
Изборен предмет Изборен предмет  Изборен предмет  
 
Деталите за секој од наведените профили, во кои можете да се специјализирате, можете да ги погледнете во Водичот за студирање на ФИНКИ