Профил: Софтверско инженерство

1. Општи информации
 
Софтверското инженерство е област која што се занимава со дизајнот, развојот и имплементацијата на софтверски решенија, со разновидни примени во: бизнис и економскиот сектор, здравствениот сектор, јавните институции, како и принципот на Софтвер како Услуга (software as a service). Студентите кои што ќе се запишат на овој профил ќе имаат можност да се запознаат со напредни програмерски техники, но и со процесот на дизајн на софтвер. Најважно, студентите ќе се стекнат и со познавања од тимската работа, како и раководењето на софтверските проекти.
 
 
I Семестар III Семестар V Семестар VII Семестар
 Концепти за развој на софтвер  Алгоритми и податочни структури  Менаџмент на информациони системи  Методологија на истражувањето во ИКТ
 Основи на софтверско инженерство  Податочни и компјутерски комуникации Дизајн и архитектура на софтвер  Управување на ИКТ проекти
 Дискретна математика 1  Веројатност и статистика  Тимска работа  Компајлери
 Професионални вештини  Теорија на програмирање Интерактивни апликации  Етика и право за ИТ
 Калкулус 1 Изборен предмет Изборен предмет Изборен предмет
II Семестар IV Семестар VI Семестар VIII Семестар
 Архитектура и организација на компјутери  Оперативни системи Безбедност и криптографија (ИИ)  Предмет од магистерски студии СИ (пр. Интеграција на системите)
 Дискретна математика 2  Бази на податоци Визуелно програмирање  Изборен - L2
 Напреден развој на софтвер Вештачка интелигенција Кориснички интерфејси  Дипломска работа
 Калкулус 2 Изборен - L1 Софтверски квалитет и тестирање  Деловна пракса
Изборен предмет Софтверско инженерство (АСИ)  Изборен - L2  
 
Деталите за секој од наведените профили, во кои можете да се специјализирате, можете да ги погледнете во Водичот за студирање на ФИНКИ