Статистика и актуарска математика (3+1+1)
1. Општи информации
Веројатноста и статистиката го поврзуваат математичкиот свет на теориски модели со емпирискиот свет на експериментирање и собирање на податоци. Статистичкото моделирање има огромна примена во сите гранки на индустријата и науката, како на пример комуникациски мрежи, финансиско работење, осигурување, истражувања на пазарот, генетски истражување, медицински истражувања и други. Од друга страна актиуарството како професија се повеќе се наметнува како потреба на пазарот на трудот. Образованието од областа на актуарството се надградува на солидни познавања од областа на стохастиката, финансиската и актуарската математика.
Студентите по завшувањето ќе можат успешно да ги користат веројатносно статистичките методи за моделирање на реалните проблеми и да се вклучат во систем на донесување на правилни одлуки базирани на информаците стекнати од расположивите податоци. Образованието од областа на актуарска математика дополнително ќе овозможи вклучување на завршените студенти во моделирањата во областа на осигурувањето.
- Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
- Назив на студиска програма: Статистика и актуарска математика
- Научно - истражувачко подрачје: природно - математичко
- Поле: математика и статистика
- Област: математичка статистика и операциони истражувања, применета математика и математичко моделирање и актуарство
- Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС кредити
- Траење на студиите: 2 семестри
- Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели)
- Услови за запишување на студиите: студиите им се првенствено наменети на студентите кои стекнале 240 кредити или завршиле четиригодишни академски студии од областа на природно – математичките, технолошко – техничките, економските и медицинско-биолошки науки.
- Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со втората година на постдипломските студии.
- Прв семестар: 2 задолжителни предмети и 2 изборни предмети од областа.
- Втор семестар: 1 задолжителен предмет од областа, 1 изборен предмет од областа и 1 изборен предмет кој може да биде од Универзитетската листа и завршен проект од 18 ЕКТС.
- 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман.
- Бројот на контактните часови е 4.
Стекната титула: Магистер по Статистика и актуарска математика – модул статистика и примени, или Магистер по Статистика и актуарска математика – модул актуарска математика
2. Воведувачки слој
Воведувачкиот слој им е наменет на студентите кои студии кои траат помалку од четири години или стекнале помалку од 240 кредити од претходните студии. Студентите кои имаат положено некој од задолжителните предмети од воведувачкиот слој или имаат положено предмети на други академски институции за кои ќе се установи дека се доволно слични со задолжителните воведувачки предмети, можат да бираат од изборните предмети дадени во табела 2. Доколку студентот ги има положено задолжителните и изборните предмети од воведувачкиот слој или има положено предмети на други академски институции за кои ќе се установи дека се доволно слични, а сеуште нема исполнето квота од 240 кредити, тогаш му се дозволува избор од листата на акредитираните предмети кои се нудат на ФИНКИ, а кои ги нема полагано во текот на неговото/нејзиното студирање.
Табела 1: Листа на предметите на воведувачкиот слој
|
Предмет
|
Семестар
|
ЕКТС
|
1 |
Веројатност и статистика
|
VII
|
6
|
2 |
Линеарна алгебра |
VII
|
6
|
3 |
Изборен предмет 1
|
VII
|
6
|
4 |
Изборен предмет 2 |
VII |
6 |
5 |
Избор од универзитетска листа на слободни предмети |
VII |
6 |
6 |
Калкулус 2
|
VIII
|
6
|
7 |
Случајни процеси
|
VIII
|
6
|
8 |
Изборен предмет 3 |
VIII |
6 |
9 |
Изборен предмет 4
|
VIII |
6 |
10 |
Изборен предмет 5 |
VIII |
6 |
Табела 2: Листа на изборните предмети за воведувачки слој
|
Предмет
|
Семестар
|
ЕКТС
|
1 |
Калкулус 3
|
VII
|
6
|
2 |
Моделирање и симулација |
VII
|
6
|
3 |
Менаџмент на информациски системи |
VII |
6 |
4 |
Бази на податоци |
VII
|
6 |
5 |
Визуелизација |
VII |
6 |
6 |
Машинско учење
|
VII
|
6
|
7 |
Системи на знаење
|
VII
|
6
|
8 |
Напредна интеракција човек компјутер
|
VII
|
6
|
9 |
Обработка на природните јазици |
VII |
6 |
10 |
Операциони истражувања |
VIII |
6 |
11 |
Податочно рударство |
VIII
|
6 |
12 |
Теорија на информации со дигитални комуникации |
VIII
|
6 |
13 |
Алгоритми и сложеност |
VIII
|
6 |
14 |
Вештачка интелигенција |
VIII
|
6 |
15 |
Софтверски квалитет и тестирање |
VIII
|
6 |
16 |
Интелигентни системи |
VIII
|
6 |
17 |
Вовед во препознавање на облиците |
VIII
|
6 |
18 |
Вовед во биоинформатиката |
VIII
|
6 |
19 |
Претприемништво |
VIII
|
6 |
20 |
Избор од листа на УКИМ |
VIII
|
6 |
3. Студии
Предметите од постдипломските студии за студиската програма Статистика и актуарска математика можете да ги најдете на
овој линк.