Академски студии по информатика

* студиската програма е пренесена од Институтот за информатика.
 
1. Општи информации

Во прва година сите студенти се запишуваат на Академски студии по информатика. Во рамките на студиите се следат задолжителни предмети кои се во рамки на 50% од програмата. Од третиот семестар на студии се почнува со изборни предмети кои го формираат остатокот од програмата. Изборните предмети формираат модули кои ја дефинираат специјалноста на студентот и дипломата со која ќе се стекне. Покрај предметите од модулот студентот може да избира од цела низа дополнителни изборни предмети. Студентот сам го прави својот избор соодветно на неговите интереси.
 
Модулот овозможува образување инженери кои ќе стекнат широки теориски и програмски знаења и ќе можат да се вклучат во развојот и имплементацијата на софтвер како и развој на информатиката како наука и нејзината примена во останатите научни области давајќи им добри основи за адаптација на нови технологии и нивна примена.
 
Информациски системи
Модулот овозможува образување на инженери кои ќе можат да ги анализираат информациските потреби на деловните субјекти, да дефинираат и дизајнираат системи со кои ќе се интегрираат решенијата што ги нудат информациските технологии и деловните процеси за да се реализираат информациските потреби на деловните субјекти на ефикасен и задоволителин начин.
 
Програмско инженерство
Модулот образува инженери кои ќе можат да дизајнираат и правилно да применат широк ранг на софтвер и софтверски системи, организираат и управуваат со софтверските проекти. Длабокото запознавање со комплетниот процес на создавање софтверски продукт, овозможува знаење со кое студентите веднаш по дипломирањето можат да се вклучат во ИТ индустријата (вработување или сопствен бизнис).
 
Компјутерски архитектури и мрежи
Модулот образува инженери кои ќе се стекнат со знаење и вештини да се справат со архитектурата и организацијата на компјутерите и компјутерските мрежи, како и дизајнирање, поставување, остварување и заштита на податочните и компјутерските комуникации.  
 
2. Стекнати титули по завршување на студиските програми и времетраење на студиите
 
Титула: (според соодветната насока)

Дипломиран инженер по информатика – модул Компјутерски науки
Дипломиран инженер по информатика - модул Информациски системи
Дипломиран инженер по информатика - модул Програмско инженерство
Дипломиран инженер по информатика - модул Компјутерски архитектури и мрежи

Времетраење: 4 години (8 семестри)
 
3. Наставна програма
 
3.1 Задолжителни предмети
  • 8 семестар
    • Дипломска работа
Програмата до 240 кредити се дополнува со избор на предмети соодветни на модулите наведени во 3.2, како и со дополнителните изборни предмети од листата во 3.3.
 
3.2    Избор на предмети по модули
 
На првиот циклус Академските студии по Информатика студентите можат да се здобијат со специјалност од четири модули. Следи преглед на предметите кои се составни на секој модул.
 
За стекнување специјалност од модулот “Информатичко образование“ освен задолжителните предмети, студентот треба да ги избере и предметите:
  • Веројатност и статистика
  • ИКТ во образованието
  • Интернет технологии
  • Дигитизација и Е-презентација
  • Интеракција човек компјутер
  • Дизајн на образовен софтвер
  • Информатички практикум
  • Методика на информатиката со хоспитации
  • Психологија
  • Педагогија
  • Македонски јазик 
 
Компјутерски науки
За стекнување специјалност од модулот “Компјутерски науки“, освен задолжителните предмети, студентот треба да ги избере и предметите:
 
Информациски системи
За стекнување специјалност од модулот “Информациски системи“, освен задолжителните предмети, студентот треба да ги избере и предметите:
 
Програмско инженерство
За стекнување специјалност од модулот “Програмско инженерство“, освен задолжителните предмети, студентот треба да ги избере и предметите:
 
Компјутерски архитектури и мрежи
За стекнување специјалност од модулот “Компјутерски архитектури и мрежи“, освен задолжителните предмети, студентот треба да ги избере и предметите:  
 
3.3 Дополнителни изборни предмети
 
Останатите изборни предмети студентите можат да ги бираат од:
  • предметите за другите модули доколку се исполнети предусловите за следење на истите (Изборни предмети во функција на дефинираните модули)
  • од понудените останати изборни предмети (Дополнителни изборни предмети)
  • од листа на изборни предмети која ќе биде понудена секоја учебна година на Институтот за Информатика
  • од останатите студиски програми на факултетот или од останатите единици на Универзитетот како и од други Универзитети во рамки на меѓууниверзитетска соработка
 
Листа дополнителни изборни предмети:
 
Студии според програмата 2005 
 
Промени на предмети по семестри
  • Бази на податоци, од летен во зимски (4 во 5)
  • Менаџмент и маркетинг да се еквивалентира со Менаџмент во ИКТ и да се стави во зимски семестар (4 во 5)
  • Компјутерска графика, од зимски во летен (7 во 4)
  • Безбедност и криптографија, од зимски во летен (7 во 8)
  • Информациски системи, од зимски во летен (5 во 6)
  • Анализа и логички дизајн на Информациски Системи, од летен во зимски (6 во 7)
  • Е-бизнис архитектура и дизајн, од зимски во летен (7 во 8)
  • Паралелно и дистрибуирано процесирање, од зимски во летен (5 во 6)
  • Проектирање на компјутерски мрежи, од летен во зимски (6 во 7)
  • Системски софтвер, летен во зимски (6 во 5)
  • Тимска Работа, и во зимски и во летен