Екоинформатика (TEMPUS) (4+1)

1. Општи информации

Информациско-комуникациските технологии имаат фундаментална улога во трансформацијата на економијата и воопшто на општеството. Тој брз развој придонесе да се појави празнина од професионалци од информациски технологии во различни области. Една од тие области е и примена на информатичката технологија во Екологијата и влијанието врз животна средина (за која се формира и ново Министерство за екологија и просторно планирање). Кадарот кој треба да се генерира од смерот треба да ја пополни таа празнина од потреба на кадар кој ќе биде подготвен и истовремено запознаен со еколошката проблематика. Цел е да се развијат нови, модерни постдипломски наставни програми во Информатиката на Екосистемите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, базирани на Европскиот Кредит Трансфер Систем во согласност со Болоњската Декларација и да се парира на Европското високо образование. Со тоа се зголемува можноста за вработување од ваков специфичен мултидициплинарен кадар.

Потребата за решавање на развојните проблеми бара мултидисциплинарна синтеза на знаење. Загадувањето на воздухот и на водата имаат влијание на сите аспекти од човечкиот живот. Затоа насоченото образование и тренинг за овие проблеми е од есенцијално значење. Во тој правец е и мотивацијата да се воведат први национални постдипломски студиски програми за Информатика на Екосистемите, вклучувајќи ги и двете науки (науката за околината и информациските технологии). Студентите кои успешно ќе ги завршат студиите ќе можат:
  • да ги имплементираат информациските технологии во нови области на примена како што е Екологијата
  • да ја користат новонабавената опрема (овозможена од ТЕМПУС проектот) за развивање и создавање намултидисциплинарен научноистражувачки кадар.
Развојот на наставните програми и содржини (кратки и долги) се изведуваат во рамките на ТЕМПУС проектот 410038_2006 кој е прифатен и одобрен од Деканатот, Ректоратот и МОН на РМ.
 
Стекната титула: Магистер по електротехника и информациски технологии, Студиска програма „Еко-информатика“
 
Елаборат за студиската програма: Елаборатот во кој се наоѓаат деталите за предметите и професорите на студиската програма може да се преземе тука
 
2. Листa со предмети од студиските програма

Задолжителни предмети: