Кодирање и криптографија (3+1+1)

1. Општи информации
 
Изучувањето на теоретската основа на кодирање и криптографија претставува основа за изградба на квалитетни идни научници кои ќе дадат голем придонес во кодирањето и криптографијата. Предложената студиска програма претставува добра подлога за понатамошно продолжување на младите научници со докторски студии. Во рамки на предложените предмети студентите ќе можат да се стекнат со теоретски познавања од областите на: криптографија и теорија на кодирање.

Научно подрачје на студиската програма се теоретските основи на информатиката. Наставата по вториот циклус на студии од кодирање и криптографија ќе се одвива во два семестри. Вкупниот број на кредити кои ги носат студиите е 60. Во наставната програма на модулите е предвидено да има по 4 задолжителни и 2 изборни предмети кои се во согласност со избраната тема за магистерска работа.

Студентите кои дипломирале на студиски програми по компјутерски науки или технологии, чиишто студии носат помалку од 240 кредити, треба да положат испити кои ќе им овозможат навлегување во основите на теоретската информатика. Така во првите два семестри овие студенти бираат понудени предмети кои ќе им овозможат дополнување до 240 кредити.
 
Стекната титула: Магистер по информатички науки – теорија на кодирање, или Магистер по информатички науки – Криптографија и сигурност на компјутерски системи
 
Елаборат за студиската програма: Елаборатот во кој се наоѓаат деталите за предметите и професорите на студиската програма може да се преземе тука.
  
 
2. Листа со предмети од студиските програма

Задолжителни воведни предмети во семестар 1 и 2 (во случај да не се слушани во текот на додипломските студии):
 
Изборни воведни предмети во семестар 1 и 2 до 240 кредити:
  • Избор од активните предмети од додипломски во тековниот семестар (во договор со одговорното лице за магистерските студии)
 
Задолжителни предмети - Модул Кодирање:
 
Задолжителни предмети - Модул Криптографија и сигурност на компјутерски системи:
 
Изборни предмети за семестар 3 и 4 (за двата модула):