Компјутерски науки (4+1)
Зимски семестар, 2012/2013 година
1. Општи информации
Изучувањето на теоретската основа на компјутерските науки претставува основа за изградба на квалитетни идни научници кои ќе дадат голем придонес во компјутерската наука. Предложената студиска програма претставува добра подлога за понатамошно продолжување на младите научници со докторски студии. Во рамки на предложените предмети студентите ќе можат да се стекнат со теоретски познавања од областите на: теоријата на програмирање, оптимизација, моделирање и симулација, теорија на бази на податоци и напредни техники на програмирање.
Научно подрачје на студиската програма се теоретските основи на Информатиката. Наставата по вториот циклус на студии од компјутерски науки ќе се одвива во два семестри. Вкупниот број на кредити кои ги носат студиите е 60. Во наставната програма е предвидено да има 3 задолжителни и 3 изборни предмети кои се во согласност со избраната тема за магистерска работа.
Стекната титула: Магистер по информатички науки
2. Листа со предмети од студиските програма
Задолжителни предмети: