Компјутерски науки (3+1+1)

1. Општи информации
 
Изучувањето на теоретската основа на компјутерските науки претставува основа за изградба на квалитетни идни научници кои ќе дадат голем придонес во компјутерската наука. Предложената студиска програма претставува добра подлога за понатамошно продолжување на младите научници со докторски студии. Во рамки на предложените предмети студентите ќе можат да се стекнат со теоретски познавања од областите на: теоријата на програмирање, оптимизација, моделирање и симулација, теорија на бази на податоци и напредни техники на програмирање.

Научно подрачје на студиската програма се теоретските основи на Информатиката. Наставата по вториот циклус на студии од компјутерски науки ќе се одвива во два семестри. Вкупниот број на кредити кои ги носат студиите е 60. Во наставната програма е предвидено да има 3 задолжителни и 3 изборни предмети кои се во согласност со избраната тема за магистерска работа.
 
Студентите кои дипломирале на студиски програми по компјутерски науки или технологии, чиишто студии носат помалку од 240 кредити, треба да положат испити кои ќе им овозможат навлегување во основите на теоретската информатика. Така во првите два семестри овие студенти бираат понудени предмети кои ќе им овозможат дополнување до 240 кредити.
 
Стекната титула: Магистер по информатички науки
 
2. Листа со предмети од студиските програма

Задолжителни воведни предмети за семестар 1 и 2 (во случај да не се слушани во текот на додипломските студии):
 
Изборни воведни предмети за семестар 1 и 2:
  • Избор од активните предмети од додипломски во тековниот семестар до 240 кредити (во договор со одговорното лице за магистерските студии)
 
Задолжителни предмети во семестар 3:
 
Изборни предмети во семестар 3: