Софтверско инженерство (TEMPUS) (4+1)

Зимски семестар, 2012/2013 година
 
Елаборат за студиската програма: може да се превземе овде.
 
1. Општи информации
 
Постдипломските студии по софтверско инженерство се стремат кон врвно европско образование и обучување на софтверските инженери, кои по завршувањето на студиите ќе можат да испорачуваат софтверски системи кои се висококвалитетни и доверливи и кои ги задоволуваат потребите на локалната индустрија. Овие студии по се одобрени од страна на European Software Institute, кој е европскиот член на Carnegie Mellon Software Engineering Institute . Тоа им дава на овие студии меѓународна препознатливост на дипломата и овозможува мобилност на студентите на сите високообразовни институции во Европа и светот кои нудат образование и истражувања во областа на софтверското инженерство. Студиите можат да се следат и на англиски јазик.

Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС кредити. Студиите се организирани во два семестара. Првиот семестар се состои од наставни предмети, додека вториот е резервиран исклучиво за завршниот проект, т.е. магистерската тема.

Првиот семестар се состои од изборни предмети поделени на две групи (30 ЕКТС). Од петте понудени предмети во првата изборна група студентите избираат најмногу два. Од деветте понудени предмети во втората изборна група студентите избираат најмалку три. Вториот семестар се состои од завршен проект (30 ЕКТС).
 
Стекната титула: Магистер по информатички науки од областа на софтверското инженерство
 
 
Изборни предмети од втора група:

Напомена: Петтиот предмет студентот може да го избере од предметите што ФИНКИ ги понудува во универзитетската листа слободни предмети за вториот циклус, или од листата на слободни предмети на акредитираните студии на вториот циклус на УКИМ.