Софтверско инженерство (TEMPUS) (3+1+1)

1. Општи информации
 
Постдипломските студии по софтверско инженерство се стремат кон врвно европско образование и обучување на софтверските инженери, кои по завршувањето на студиите ќе можат да испорачуваат софтверски системи кои се висококвалитетни и доверливи и кои ги задоволуваат потребите на локалната индустрија. Овие студии по се одобрени од страна на European Software Institute, кој е европскиот член на Carnegie Mellon Software Engineering Institute . Тоа им дава на овие студии меѓународна препознатливост на дипломата и овозможува мобилност на студентите на сите високообразовни институции во Европа и светот кои нудат образование и истражувања во областа на софтверското инженерство. Студиите можат да се следат и на англиски јазик.

Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС кредити. Студиите се организирани во два семестра. Првиот семестар се состои од наставни предмети, додека вториот е резервиран исклучиво за завршниот проект, т.е. магистерската тема. Воведувачки слој е воведен за студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити и на кои им се нуди множество воведувачки предмети. Така во првите два семестри овие студенти бираат понудени предмети кои ќе им овозможат дополнување до 240 кредити. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со третиот семестар на постдипломските студии.

Во првиот воведувачки семестар  студентите слушаат 5 или 6 предмети. Во вториот воведувачки семестар  студентите слушаат 5 предмети.
 
Третиот семестар се состои од изборни предмети поделени на две групи (30 ЕКТС). Од петте понудени предмети во првата изборна група студентите избираат најмногу два. Од деветте понудени предмети во втората изборна група студентите избираат најмалку три. Последниот семестар се состои од завршен проект (30 ЕКТС).
 
Стекната титула: Магистер по информатички науки од областа на софтверското инженерство
 
2. Листа со предмети од студиските програма

Задолжителни воведни предмети:   
  • Семестар 1