Софтверско инженерство (4+1)
1. Општи информации
Постдипломските студии од софтверско инженерство имаат за цел да едуцираат специјалисти кои ќе можат да ја понесат техничката и економската одговорност на проектирање, развој, користење и одржување на комплексни софтверски системи.
По завршувањето на овој курс кандидатите :
- ќе можат да ги објаснат и применат напредните концепти од областа на софтверското инженерство и водењето на проекти од софтверскиот бизнис
- ќе можат да преземаат компетентни самостојни акции на основа на техничките и финансиските факти
- ќе можат да го унапредат процесот на работа и да асимилираат нови технологии
- ќе можат да ја специфицираат, моделираат, имплементираат, тестираат и евалуираат економската страна на софтверски систем
- ќе можат да работат во мултидисциплинарен тим, да соработуваат со останати специјалисти и да придонесат кон решението на комплексни технички проблеми
- ќе бидат квалификувани да понесат водечка улога во тим за дизајн и развој на софтвер
- ќе можат да вербално и писмено ефективно да презентираат кохерентни технички и економски резултати
- ќе можат да извлечат, анализираат и документираат искуства од развојните проекти
Стекната титула: Магистер по електротехника и информациски технологии, Студиска програма „Софтверско инженерство“
Елаборат за студиската програма: Елаборатот во кој се наоѓаат деталите за предметите и професорите на студиската програма може да се преземе
тука.
2. Листa со предмети од студиските програмаЗадолжителни предмети:
Задолжителни општо-образовни предмети: